Царината ќе царини и прекувремено

Bez autora
Sep 29 2010

Утре е крајниот рок до кога граѓаните ќе можат во земјава да увезат половни возила со еуро 1" стандард. Од Царинската управа на Македонија велат дека досега во земјава се увезени над 43.000 половни возила, а меѓу нив има има околу девет илјади кои биле оцаринети без транзитна постапка бидејќи веќе биле управувани во Македонија. Eуфоријата на граѓаните да се снабдат со користено возило со најнискиот еко стандард, не стивнува. Апелирам до граѓаните на такви возила да го искористат рокот. Ние сме подготвени да работиме и прекувремено. Таков договор имаме направено со управните служби доколку има зголемен интерес за царинење. Исто така, ги повикуваме шпедитерите доколку кај нив има поголем број вакви возила, да им дадат предност на оние за кои истекува рокот за увоз на возила со еуро 1" стандард.

Царината ќе царини и прекувременоУтре е крајниот рок до кога граѓаните ќе можат во земјава да увезат половни возила со еуро 1" стандард.

Од Царинската управа на Македонија велат дека досега во земјава се увезени над 43.000 половни возила, а меѓу нив има има околу девет илјади кои биле оцаринети без транзитна постапка бидејќи веќе биле управувани во Македонија. Ванчо Каргов, директор на Царината, вели дека еуфоријата на граѓаните да се снабдат со користено возило со најнискиот еко стандард, не стивнува.

- Апелирам до граѓаните на такви возила да го искористат рокот. Ние сме подготвени да работиме и прекувремено. Таков договор имаме направено со управните служби доколку има зголемен интерес за царинење. Исто така, ги повикуваме шпедитерите доколку кај нив има поголем број вакви возила, да им дадат предност на оние за кои истекува рокот за увоз на возила со еуро 1" стандард - вели Каргов.

За шест месеци, колку што трае владината одлука за увоз на половни возила со старост до 15 години, државата инкасирала над 30 милиони евра по основа увозни давачки за користени автомобили. Најмногу биле увезени во јули - околу 8.500. Пред владината мерка за намалување на старосната граница и на давачките, во Македонија одвај се увезле неколку стотици стари патнички возила.

Утрешниот ден е краен и за граѓаните кои треба да ги пререгистрираат своите возила што ги возат со странски таблички. Интересот за легализација е слаб. Сопственците тврдат дека и со намалена акциза и царина, давачките сеуште се високи, а проценката на возилата нереална. МВР и Царината најавуваат засилени контроли. Ќе ги казнуваат сопственците, а времено ќе се одземаат возилата.

- Сопствениците на возила кои ќе бидат фатени дека направиле царински прекршок и не ги запазиле законските прописи, ќе бидат казнети со мандатна казна од 100 евра, а возилото ќе биде привремено задржано. На сопственикот ќе му биде наложено т.н. царинско дозволено постапување", што ќе значи дека со решение ќе му биде наложено веднаш да го пререгистрира возилото или пак, да го изнесе надвор од земјава - вели Каргов.

Граѓаните, пак, кои имаат вакви возила велат дека засега немаат намера нивните возила да добијат македонски регистерски таблички. Ќе чекаат да видат дали навистина ќе мора да ја напуштат земјава ако возат со таблички од друга држава. Владата пред извесно време значително ги намали давачките за увоз на половни возила и ја поедностави постапката за царинење. Акцизата се пресметува врз основа на вредноста на возилото. За возила со помала вредност од 3.000 евра не се плаќа акциза, за возила до 4.000 евра е 0,5 отсто, за автомобили до 5.000 евра е 1 отсто итн.

Од почетокот на годинава во земјава се увезени речиси 50.000 возила, од нив само околу 7.000 се нови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik